Фудбал Премиер лигата

Гвардиола: Имавме многу проблеми со повреди на важни играчи, но се уште се бориме

Ерлинг Халанд не е подготвен за утре. Тоа не е сериозен проблем, но тој не може да игра на овој натпревар, изјави тренерот и додаде дека Џон Стоунс и Фил Фоден ќе бидат во ред за утрешната пресметка.

Гвардиола: Имавме многу проблеми со повреди на важни играчи, но се уште се бориме

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше пред медиумите во пресрет на утрешниот натпревар меѓу „граѓаните“ и Брајтон.

Шампионите имаат четири бода помалку од лидерите во Премиер лигата, но имаат одиграно два натпревари помалку и би можеле да се вратат на врвот доколку ги добијат.

-Имавме многу проблеми со повреди на важни играчи, но се уште се бориме. Ние сме во финалето на ФА Купот, игравме во завршната фаза од Лигата на шампионите и сме во битка за титулата. Но, можете да бидете на таа позиција и да ги изгубите сите трофеи во рок од една недела. Сепак, нашиот тим и оваа сезона се претстави неверојатно. Секој натпревар е важен и секоја грешка и чекор назад е тежок, но ние сме биле во оваа позиција многу пати и знаеме за што играме, прокоментира Гвардиола.

Шпанецот откри дека Ерлинг Холанд ќе го пропушти мечот со Брајтон.

-Ерлинг Халанд не е подготвен за утре. Тоа не е сериозен проблем, но тој не може да игра на овој натпревар, изјави тренерот и додаде дека Џон Стоунс и Фил Фоден ќе бидат во ред за утрешната пресметка.

To top