Македонија УХМР

Деновиве обилни врнежи и засилен ветер, потопло време дури викендов

Ветерот долж Повардарието ќе засилува и во среда.

Деновиве обилни врнежи и засилен ветер, потопло време дури викендов

Од УХМР известуваат дека утре под влијание на влажен бран ќе биде облачно со врнежи од дожд кои особено во западните и јужните делови од земјата ќе бидат пообилни (наместа над 20 л/м²), поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (и над 60 км/час).

Ветерот долж Повардарието ќе засилува и во среда.

Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и грмежи, а потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Најнови вести од Македонија

To top