Свет Волстрит џурнал

Бајден размислува за нови договори за оружје за Израел од милијарда долари

Според извештајот, испораката на оружје може да трае со месеци или години за да се исполни.

Бајден размислува за нови договори за оружје за Израел од милијарда долари

Администрацијата на Бајден разгледува опции за нови договори за испорака на оружје од над милијарда долари за Израел, вклучувајќи тенковска муниција, воени возила и минофрлачки гранати, се наведува во извештајот на Волстрит журнал, кои се повикуваат на американски официјални претставници.

Официјалните лица велат дека се разгледуваат договори што вклучуваат „700 милиони долари во тенковска муниција од 120 мм, 500 милиони долари во тактички возила и помалку од 100 милиони долари во минофрлачки куршуми од 120 мм“ и ќе треба да бидат одобрени од Конгресот.

Според извештајот, испораката на оружје може да трае со месеци или години за да се исполни.

Засега нема официјална потврда од САД или Израел за извештајот не медиумот.

To top