Свет Џон Кенеди

Повеќе од 15 членови на семејството Кенеди ќе го поддржат Бајден на претстојните избори

„Можам само да замислам колку би бил ужасен татко ми Роберт Кенеди од неверојатните лаги и однесување на Доналд Трамп“, рече Кери.

Повеќе од 15 членови на семејството Кенеди ќе го поддржат Бајден на претстојните избори

Повеќе од 15 членови на познатото семејство на поранешниот американски претседател Џон Кенеди ќе ја поддржат кандидатурата за реизбор на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Со овој потег тие ќе се обидат да ја намалат легитимноста на кандидатурата на Роберт Кенеди Џуниор, син на родениот брат на поранешниот претседател Џон Кенеди.

„Можам само да замислам колку би бил ужасен татко ми Роберт Кенеди од неверојатните лаги и однесување на Доналд Трамп“, рече Кери, сестрата на Кенеди Џуниор, додавајќи дека нејзиниот татко се залагал за „еднаквост, човекови права и слобода, токму како што денес тоа го прави претседателот Бајден“.

To top