Регион

Дачиќ: Резолуцијата за геноцидот во Сребреница не придонесува за помирување

Дачиќ за белградски медиуми изјави дека во Сребреница се случило злосторство, но не и геноцид, бидејќи по дефиниција тој термин подразбира дека некој имал план да уништи нација,a тоа не било случај.

Дачиќ: Резолуцијата за геноцидот во Сребреница не придонесува за помирување

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Резолуцијата за геноцидот во Сребреница за која денеска треба да се разговара во ОН не придонесува за помирување и консензус. Toj посочи дека она што се случи во Сребреница не може да се квалификува како геноцид.

Дачиќ за белградски медиуми изјави дека во Сребреница се случило злосторство, но не и геноцид, бидејќи по дефиниција тој термин подразбира дека некој имал план да уништи нација,a тоа не било случај.

„Тоа е злосторство што е, се разбира, страшно, а ние самите како српски народ инсистираме сите одговорни за тоа да одговараат, бидејќи е направена штета на српскиот народ како целина. Геноцидот е кривично дело што подразбира дека имало план да уништи нација“, рече Дачиќ.

Министерот посочи и дека Резолуцијата за геноцидот во Сребреница не придонесува за помирување и дека прашањето за кое ќе се разговара во ОН треба да се тргне од дневниот ред.

Дачиќ, исто така, истакна дека она што се случи во Сребреница не може да се означи како геноцид бидејќи се случило на територијата на само една општина во Босна и Херцеговина.

„Но, ако имаме нешто што се случило на територијата на само една општина во Босна и Херцеговина, како можете нешто да прогласите за геноцид? Како, кога имате ситуација кога тоа го нема на целата територија. Во пресудата е наведено дека е само во таа општина“, посочи тој.

Најнови вести од Регион

To top