Фудбал

Јирген Клоп на клупата на Германија од 2025 година?

Јирген Клоп на клупата на Германија од 2025 година?

Јирген Клоп на клупата на германската репрезентација треба да седне од 2025 година, пишуваат медиумите во Германија.

„Панцирите“ на следното Европско првенство ќе бидат предводени од Јулијан Нагелсман, а медиумите во Германија на големо пишуваат дека младиот стручњак ќе се врати на клупата на Баерн по завршувањето на континенталниот шампионат.

Клоп, пак, на крајот од оваа сезона го напушта Ливерпул, а веќе најави дека му треба пауза од фудбалот и нема да работи некое време.

Германскиот фудбалски сојуз не брза бидејќи квалификациите за Светското првенство започнуваат во март 2025 година, па тој ќе има доволно време да го изгради тимот како што сака

Теми на денот

To top