Фудбал изјави дека погрешил со таквиот чекор

Фудбалер му го продаде дресот на навивач за 50 евра

„Сè се случи многу брзо. Но, за луѓето да разберат, ние играме во трета лига и немаме договори какви што луѓето можеби мислат дека ги имаме. Јас не сум милионер“, изјави Лоренцо.

Фудбалер му го продаде дресот на навивач за 50 евра

Дани Лоренцо, 21-годишниот фудбалер од шпанскиот третолигаш Малага, го продаде својот дрес на навивач за 50 евра, по што јавно изјави дека погрешил со таквиот чекор.

По натпреварот одигран минатиот викенд, Лоренцо дојде на трибините каде се фотографираше со навивачите и делеше автограми. Еден од навивачите притоа му пријде на Лоренцо и му го побара дресот, нудејќи му 50 евра, кои фудбалерот ги зеде, го соблече дресот со број 22 и му го подари на навивачот, се гледа од видео емитувано на шпанска телевизија.

„Сè се случи многу брзо. Но, за луѓето да разберат, ние играме во трета лига и немаме договори какви што луѓето можеби мислат дека ги имаме. Јас не сум милионер“, изјави Лоренцо.

„Клубот ни дава одреден број на дресови кои можеме да ги делиме, а јас веќе ја надминав таа бројка. Клубот потоа ни наплаќа за дополнителни дресови и тоа му го кажав на човекот од трибината“, додаде Лоренцо.

Фудбалерот на Малага рече дека не требало да му го продаде дресот на навивачот.

„Во тој момент реагирав природно и ги зедов парите во замена за дресот. Сега кога размислувам, не требаше да го сторам тоа. Но, тоа го направив со искрена намера, се надевам дека луѓето ќе разберат“, рече Лоренцо.

To top