Хроника

Жител на кочанско почина откако се повредил додека работел во штала

Жител на кочанско почина откако се повредил додека работел во штала

На 14.04.2024 во 16.20 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив бил донесен починат Д.Д.(73) од с.Соколарци, кочанско.

-Според пријавеното, околу 16.10 часот во с.Соколарци, тој се здобил со повреди додека работел во штала, сопственост на П.Д., по што бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што од лекар била констатирана смрт, информира МВР.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

To top