Македонија

Мисајловски: Победуваме во населба Ченто, промените се во рацете на секој поединец и тој може да одлучи во каква Македонија сака да живее

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска беше во работна посета на општината Гази Баба.

Мисајловски: Победуваме во населба Ченто, промените се во рацете на секој поединец и тој може да одлучи во каква Македонија сака да живее

Тој од таму сподели статус со своите следбеници и ги повика да гласаат за Гордана Силјановска – Давкова.

„✅ПОБЕДУВАМЕ ВО НАСЕЛБА ЧЕНТО, ГАЗИ БАБА !!! 🇲🇰

Ова е нашиот горд и достоинствен македонски народ кој ни дава поддршка и се приклучува кон промените за силна и просперитетна Македонија!

👉 Секојдневно сме помеѓу народот, водиме позитивна кампања и разговараме со сите граѓани за актуелните теми од секојдневието. Попладнево се сретнавме и разговаравме со пазарџиите, продавачите и многу минувачи во населбата Ченто и на пазарчето.

➡️Секој еден од граѓаните може и мора да биде дел од промените кои насушно се потребни на Македонија. Промените се во рацете на секој поединец. Тој може да одлучи во каква Македонија сака да живее и каква иднина сака за себе и за своите поколенија!

#МакедонијаПовторноТвоја“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Мисајловски објави и видео од настанот:

Најнови вести од Македонија

To top