Кошарка

Нено Димитријевиќ со неверојатна партија против ЦСКА (М)

Нено Димитријевиќ со неверојатна партија против ЦСКА (М)

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, одигра уште една инзвонредна партија во ВТБ лигата и тоа против главниот конкурент за титулата, тимот на ЦСКА од Москва.

Тој го предводеше својот Уникс Казањ до победа (88:78) со неверојатни 40 поени во дербито на колото и со тоа го однесе својот тим на чело на табелата.

Домитријевиќ воедно во својата статистика запиша и шест дефанзивни скока, девет асистенции, две украдени топки за вкупно 52 индексни поени.

To top