Ракомет

Унгарија, Холандија и Шпанија се пласираа на ОИ

Унгарија, Холандија и Шпанија се пласираа на ОИ

Репрезентациите на Унгарија, Холандија и Шпанија први од квалификацискиот турнир обезбедија пласман на Олимписките игри во Париз.

Во дерби дуелот од првата група, репрезентацијата на Унгарија славеше над Шведска со три гола разлика, 28:25.

Унгарија во првото коло ја совлада Велика Британија и со победа дојде до четири бодови, со кои си обезбеди билет за настап на најголемата спортска манифестација.

Шведска и Јапонија имаат по два бодови, но во последното коло, азиската репрезентација ја чека тешко соочување со Унгарија, додека Шведска ќе игра со Велика Британија.

Од втората група пласман на ОИ обезбедија репрезентациите на Холандија и Шпанија, откако денес остварија нова победа.

Холандија без многу проблеми славеше над Чешка со 32:18, а „црвената фурија“ потешко од очекуваното победи против Аргентина со 26:23.

Поврзани теми

To top