Свет нема извештаи за евентуални жртви

Русија со 17 дрона ја нападна Украина, Украинците возвратија со 5 дрона

Во текот на утрото во Одеса се слушнаа силни експлозии, а соопштено е дека во рускиот напад биле оштетени енергетски објект, приватна куќа и неколку автомобили, пренесуваат украинските медиуми.

Русија со 17 дрона ја нападна Украина, Украинците возвратија со 5 дрона

Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со 17 јуришни беспилотни летала „Шахед-131/136“, две крстосувачки ракети „Искандер-К“ и една балистичка ракета „Искандер-М“, што беа насочени кон регионите Одеса, Николаев, Херсон и Кировоград, соопштија украинските власти.

Во текот на утрото во Одеса се слушнаа силни експлозии, а соопштено е дека во рускиот напад биле оштетени енергетски објект, приватна куќа и неколку автомобили, пренесуваат украинските медиуми.

-Украинските одбранбени сили уништија 14 непријателски нападни беспилотни летала „Шахед“, соопшти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, генерал Микола Олешчук.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле пет украински беспилотни летала на небото над областа Брјанск.

„Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија пет украински беспилотни летала над територијата на регионот Брјанск“, се наведува во соопштението на руското Министерство објавено денеска, пренесено од руските медиуми.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или причинета материјална штета во овој напад.

To top