Култура „Пци“

Претставување и разговор со писателката и сценаристка Дора Шустиќ

Дора Шустиќ ќе зборува и за својата работа како сценаристка и режисерка, како и за другите прозни, поетски и есеистички дела.

Претставување и разговор со писателката и сценаристка Дора Шустиќ

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје денеска ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателката и сценаристка од Хрватска, Дора Шустиќ. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.

На настанот ќе биде претставен нејзиниот роман „Пци“, за кој таа беше финалист за најзначајната награда за роман во Хрватска, наградата „т-портал“, а ја доби книжевната награда „Драго Герваис“.

Освен за романот „Пци“, Дора Шустиќ ќе зборува и за својата работа како сценаристка и режисерка, како и за другите прозни, поетски и есеистички дела.

Дора Шустиќ (1991, Риека) е писателка и сценаристка. Дипломирала политички науки во Љубљана и сценаристика на ФАМУ во Прага. Живеела во Истанбул, Берлин, Љубљана и Загреб, каде што моментално работи како сценаристка и развива свои филмски и книжевни проекти. Објавува кратки раскази, песни, новинарски текстови и есеи на хрватски, словенечки и англиски јазик.

To top