Македонија в сабота

Тошковски: Младите без термин до прв личен документ за претстојните избори

Тошковски: Младите без термин до прв личен документ за претстојните избори

Министерството за внатрешни работи за неколку дена ќе ја реши ситуацијата со добивање прв личен документ за младите кои наполниле 18 години за да го остварат своето право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори. Отворен е повик и од сабота може да доаѓаат во полициските станици во земјава за да го почнат процесот, без закажување термин, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот престој во Прилеп.

-Има повик од МВР в сабота сите млади граѓани кои првпат вадат лична карта да се упатат во управните служби на полициските станици, без закажување, во Скопје да се упатат во пунктот Пролет за да може да се фотографираат за да го почнат процесот на издавање личен документ за да можат без проблем да си го остварат правото на глас на изборите. Има доволно време, не е голема бројката на нашите млади граѓани кои сега наполниле 18 години, а немаат личен документ за идентификација. Тоа ќе го решиме за три-четири дена и ним ќе им дадеме приоритет, рече Тошковски.

Најнови вести од Македонија

To top