Република

Изгаснат пожар во каменичкото село Костин Дол

Изгаснат пожар во каменичкото село Костин Дол

Нов пожар денеска е регистриран на територијата на Општина Македонска Каменица. Според информациите на командирот на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, пожар денеска се гасеше во атарот на село Костин Дол.

-Екипа составена од тројца пожарникари со едно возило денеска попладне гасеа пожар во атарот на селото Костин Дол. Во гасењето учествуваа и двајца шумски работници, информираше Трајчевски.

Пожарот бил регистриран кај месноста Вировите, а зафатен бил околу еден хектар борова шума.

-Апелираме да не се пали оган на отворено од типот на палење стрништа и слично, бидејќи појавата на ветар е присутна деновиве и може да предизвика штетни последици, рече Трајчевски.

Освен во Каменичко, деновиве се гасеа пожари на повеќе локации и во делчевско-пехчевскиот регион, каде, како и во Македонска Каменица, причината е палење стрништа.

To top