Хроника Направил хаос

Избегал од затвор, ја истепал жена му, па зел дрога – приведен затвореник од Велес

При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари во различни валути и апоени.

Избегал од затвор, ја истепал жена му, па зел дрога – приведен затвореник од Велес

На 03.04.2024 во 21:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.Б.(48) од Велес, кој бил баран од Казнено-поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата.

Имено, околу 19:30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода.

При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари во различни валути и апоени.

Исто така, неговата 43-годишна сопруга пријавила дека околу 20:00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top