Живот и Стил Хуан Висенте Перез Мора

Имаше 115 години: Почина најстариот човек на светот

Тој беше татко на 11 деца, а до 2022 година имал 41 внук, 18 правнуци и 12 чукунвнуци. 

Имаше 115 години: Почина најстариот човек на светот

Хуан Висенте Перез Мора од Венецуела – најстариот човек во светот според Гинисовата книга на рекорди, почина на безмалку 115-годишна возраст, објавија неговото семејство и венецуелските власти.

Хуан Висенте Перез Мора, кој почина вчера, официјално беше прогласен за најстар човек во светот на 4 февруари 2022. со 112 години и 253 дена. Тој е роден во Ел Кобре на 27 мај 1909, како деветто дете во семејството.

„На петгодишна возраст, тој почнал да работи со својот татко и браќата во областа на земјоделството, помагајќи во бербата на шеќерна трска и кафе“, наведува Гинисовата книга на рекорди во својот напис за него.

Тој беше татко на 11 деца, а до 2022 година имал 41 внук, 18 правнуци и 12 чукунвнуци.  (МИА)

To top