Република увид во градежни активности

Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари

Денес извршивме увид во градежните активности на повеќе локации на територијата на општина Гевгелија. Најпрво бевме во Миравци каде што пред неколку дена започнаа изведбените работи за новиот пазар кој таму се гради. Потоа го посетивме населеното место Негорци каде што во завршна фаза е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на основното училиште Ристо Шуклев во ова населено место и младите тука добиваат еден прекрасен спортски објект и учениците но и рекреативците од ова населено место, изјави градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов.

Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари

-Исто така во градот Гевгелија го означивме и завршувањето на реализацијата на проектот Модерен урбан парк кој се простира на 6.000 метри квадратни во Гевгелија и прв ваков парк од ваков тип во нашиот град, кој се надeвaм во иднина ќе го чуваме, а во моментот сме на проектот улицата Св. Климент Охридски или попознат кај гевгеличани, Западен булевар.

Уште на почетокот на мојот мандат најавив дека овој проект е најзначаен и е приоритетен од причина што транспортните возила создаваат голем сообраќаен метеж во централното градско подрачје. Овде е завршена првата фаза, значи пробивање на булеварот, а пред неколку дена заврши и втората фаза со поставување на подземната инсталација, поставена е водоводна линија, фекална и атмосферска канализација, а во текот на 2024 година ќе се пристапи и кон поставување на тампонтна зона, асфалт и ивичњаци со што овој значаен проект конечно ќе биде пуштен во употреба до крајот на 2024 година, изјави Сарамандов.

Најнови вести од Република

To top