Познати емотивен ролеркостер

Познатата актерка откри: Имав спонтан абортус додека глумев трудница

Откако доживеала спонтан абортус, Хатавеј рече дека била шокирана кога дознала колку се чести спонтаните абортуси. Дознала и дека многу нејзини пријателки имале слични искуства.

Познатата актерка откри: Имав спонтан абортус додека глумев трудница

Актерката Ен Хатавеј откри дека имала спонтан абортус во 2015 година во период кога глумела трудница во една претстава.

Во интервју за Vanity Fair, Ен Хатавеј (41) изјави дека нејзината прва бременост „не поминала добро“. Во претставата актерката глумела жена која е бремена, додека во исто време во реалноста се соочувала спонтан абортус.

-Работев на претстава во која требаше да се породувам на сцена секоја вечер, рече таа.

Хатавеј, која оттогаш роди два сина, вели дека во текот на шестнеделното шоу „се преправала дека се е во ред“, но на пријателите им ја кажала вистината кога ја посетиле зад сцената, пренесува Би-би-си.

„Имаше премногу емоции за да ги задржам за себе“, рече таа.

Ѕвездата од филмот „Ѓаволот носи Прада“ го доби својот прв син Џонатан со сопругот Адам Шулман во март 2016 година. Во објава на Инстаграм во јули 2019 година, Хатавеј објави дека е повторно бремена.

Таа рече дека нема да се срами од нешто што статистички изгледа сосема нормално. Откако доживеала спонтан абортус, Хатавеј рече дека била шокирана кога дознала колку се чести спонтаните абортуси. Дознала и дека многу нејзини пријателки имале слични искуства.

-Помислив, каде се тие информации? Зошто се чувствуваме толку непотребно изолирани? Тоа е вистински срам. Затоа решив да зборувам за тоа, истакнала актерката.

Најнови вести од Познати

To top