Кошарка

Армани Милано со НБА засилување

Армани Милано со НБА засилување

По 256 натпревари во најсилната лига на светот и просек од 7 поени, 3,3 скока и 1,8 асистенции, 14. пик на драфтот од 2016 година, Дензел Валентин, се сели во редовите на Армани Милано. Тој доаѓа од австралискиот тим Сиднеј кингс.

Извесен период играше со Никола Миротиќ, центарот на италијанскиот тим, во Чикаго, па многумина веруваат дека ќе бидат убиствен тандем во Евролигата.

Сепак, Дензел нема право на настап во Евролигата оваа сезона, бидејќи истече рокот за пријавување нови играчи и тој ќе се натпреварува само во италијанската лига.

To top