Фудбал

Кансело: Репрезентацијата не е целосно зависна од Кристијано Роналдо

Десниот бек на Португалија Жоао Кансело даде изјава која може да го налути соиграчот Кристијано Роналдо, велејќи дека „морепловците“ веќе не се целосно зависни од нивната голема ѕвезда и дека тој го поминал врвот на својата кариера.

Кансело: Репрезентацијата не е целосно зависна од Кристијано Роналдо

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид често покажува особена чувствителност на коментарите кои не се целосно позитивни за неговата личност. Неодамна дури се вмеша во неколку скандали во Саудиска Арабија, каде навивачите на противничките тимови го провоцираа скандирајќи „Меси, Меси“.

-Тој е важен играч и помина 15 години борејќи се со Меси за „Златната топка“, но врвот на кариерата на еден фудбалер е помеѓу 25 и 32 години. Тој е сè уште важен, но репрезентацијата не е целосно зависна од него, изјави Кансело.

Тие двајца се веќе дел од таборот на Португалија за претстојните две контроли на „морепловците“ против Шведска и Словенија.

To top