Хроника

Малолетник паднал од четирицикл: Повредени тој и уште еден малолетник

Малолетник паднал од четирицикл: Повредени тој и уште еден малолетник

Двајца малолетници, од кои еден потешко, се повредени откако паднале од четирицикл.

-На 17 март околу 17 часот и 30 минути во атарот на тетовското село Доброште, во месноста „Орман“, малолетник од ова село, управувајќи четирицикл со тетовски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко, изгубил контрола движејќи се по нивите, паднал и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, додека сопатникот, исто така, малолетник се здобил со телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Увид на местото вчера (18 март) извршила екипа од СВР Тетово.

To top