Живот и Стил Совети

Шеќерот носи лош епитет – „бела смрт“: Овие мерки мора да ги знаете

Шеќерите во млекото, овошјето и зеленчукот не се сметаат за слободни шеќери и на нивната содржина не треба да се обрнува многу внимание, но сепак не треба да се занемаруваат.

Шеќерот носи лош епитет – „бела смрт“: Овие мерки мора да ги знаете

Кога станува збор за внесувањето шеќер во исхраната, може да слушнете најразлични совети и предупредувања. Најчести се оние дека во „здравата храна“ како мусли, овошни јогурти, протеински плочки и слично, има многу повеќе шеќер отколку што си мислиме и дека еден таков производ може да ја задоволи дневната потреба на организмот за шеќер.

Не станува збор само за чистиот шеќер, бел или кафеав. Покрај сахарозата, не треба да ги заборавате и другите извори на шеќери како фруктоза, малтоза, шеќерен инвертиран сируп, хидролизиран скроб и други, што секојдневно ги внесуваме преку храната.

Експертите сметаат дека шеќерите не треба да надминуваат повеќе од 5% од вкупната енергија, односно внесени калории, преку храната и пијалоците во текот на денот.

Тоа отприлика изнесува 30 грама, односно околу 7,5 кафени лажички шеќер.

Според возраста, табелата на дневната вредност на внесени шеќери во текот на денот изгледа вака:

Возрасни: не повеќе од 30 грама (еквивалент на 7 коцки шеќер)

Деца од 7 до 10 години: не повеќе од 24 грама (еквивалент на 6 коцки шеќер)

Деца од 4 до 6 години: не повеќе од 19 грама (еквивалент на 5 коцки шеќер)

За деца под 4 години не постојат дефинирани вредности, но се препорачува да не се конзумираат засладени пијалаци и храна со додаден шеќер.

Овие количини се однесуваат на слободните шеќери, односно шеќер што се додава во храната во процесот на производство, како и на шеќерите во мед, сирупи и овошни окови.

Шеќерите во млекото, овошјето и зеленчукот не се сметаат за слободни шеќери и на нивната содржина не треба да се обрнува многу внимание, но сепак не треба да се занемаруваат.

To top