Фудбал

Мануел Нојер за заминувањето на Тухел

Мануел Нојер за заминувањето на Тухел

Баерн Минхен оваа сезона најверојатно ќе ја загуби битката со Баер Леверкузен за титулата во Бундеслигата, а поради тоа тренерот Томас Тухел ќе замине од клубот на крајот на сезоната.

Голманот на баварскиот гигант Мануел Нојер изјави дека Тухел не е единствен виновник за лошите резултати, туку сите треба да преземат одговорност.

„Жал ми е поради тренерот. На крајот, сите сме виновни за овој неуспех. Мислам дека не мора секогаш да го напаѓате учителот кога ќе добиете лоши оценки“, кажа Нојер.

Баерн Минхен има 53 бодови по 23 одиграни меча, односно осум бода помалку од Баер Леверкузен.

To top