Македонија Велковски и Стефковски на терен

Започна решавањето на проблемот во Ранка Милановиќ

На граѓаните им се потребни решенија преточени во дела, а не празни зборови!

Започна решавањето на проблемот во Ранка Милановиќ

Министерот за труд и социјална политика по вчерашното обелоденување на проблемот со кој се соочуваат бездомните лица во ,,Ранка Милановиќ,, денес заедно со градоначалникот на Општина Гази баба Бобан Стефковски ја започнаа акцијата за чистење на отпадот од дворот на објектот.

Според Велковски ова е првичната помош да се спречи евентуална зараза кај возрасните и пред се децата кои се сместени во овој објект.

„Живеат во крајно нехумани услови. Затоа денес заедно со градоначалникот Бобан Стефковски излеговме на терен за да со негова помош се исчисти дворот каде луѓето го минуваат секојдневието“, изјави Велковски.

Градоначалникот Стефковски изрази благодарност до министерот Велковски за неговата решителност да се најде трајно решение на овој проблем.

„Со жалење можам да констатирам дека повеќе од две години наидував на зид од страна на Владата и министертсвото за да им помогнам на овие луѓе во чистењето на просторот кој ги опкружува бидејќи постои голем ризик да се развие епидемија. Неколку пати писмено го известував ресорниот министер, па и за петициите на граѓаните кои живеат одоколу, како и жалбите на околните компании кои гравитираат на овој простор“, рече Стефковски.

Инаку, министерот Велковски вети на системско решение за да овие луѓе добијат достоинствено социјално домување, што е во согласност со сите конвенции за заштита на човековите права. Жалиме што на ваков начин го одбележуваме денот на социјалната правда, а за жал последниве шест години овие луѓе живеат во социјална неправда.

Министерот Велковски и градоначалникот Стефковски со помош на Црвениот крст на град Скопје доделија скромни пакети со храна и хигиенски производи.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top