Македонија Струмица

Кога обезбедувањето на Заев тепа, НИКОБ гледа, а МВР на Спасовски молчи (ВИДЕО)

За тепачката било запознаено и раководството на МВР, кои од непознати причини до сега не преземале ништо, иако за истоимениот настан има и видео запис.

Кога обезбедувањето на Заев тепа, НИКОБ гледа, а МВР на Спасовски молчи (ВИДЕО)

На видео запис кој кружи на социјалните мрежи, прикажана е масовна тепачка во локал во Струмица, која се случила на 17.12.2023 година.

Имено, според информации на „Нетпрес“, станува збор за инцидент во млечниот ресторан „No 1”, лоциран на улицата „Младинска“ во Струмица, а во тепачката учествувал припадник на МВР, член на личното обезбедување на поранешниот премиер Зоран Заев.

-Насилството е извршено над лицето Љ.Д. пред очевидци, меѓу кои и вработените во млечниот ресторан, кои повикале  обезбедувањето. Според наши извори, и обезбедувањето од агенцијата „Никоб” е физички нападнато од припадникот на МВР, а за тоа од страна на агенцијата не се доставени извештаи за настанот во согласност со законот, пишува порталот.

За тепачката било запознаено и раководството на МВР, кои од непознати причини до сега не преземале ништо, иако за истоимениот настан има и видео запис.

Инаку, потребно е да се потенцира дека припадникот на МВР инволвиран во погоре наведениот настан е лице за кое медиумите во 2016 година пишуваа за неговите насилнички дејствија.

Видеото погледнете го на НЕТПРЕС

Најнови вести од Македонија

To top