Хроника напад

Тошковски со осуда за вчерашниот инцидент во кој полицаец кој не бил на должност нападнал колега на должност

Тошковски со осуда за вчерашниот инцидент во кој полицаец кој не бил на должност нападнал колега на должност

Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, сакам да ја известам јавноста дека најостро осудувам секаков вид на насилство, а особено кога истото е сторено од страна на вработени во министерството за внатрешни работи, се вели во Фејсбук статусот на техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

За наведниот настан веднаш е известен надлежен јавен обвинител кој даде насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во министерството побарав да се постапи максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури, сè со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста, истакнува Тошковски.

To top