Македонија

Новиот јавен обвинител Коцевски ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието

Новиот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Новиот јавен обвинител Коцевски ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието

Собранието завчера едногласно со 62 гласа „за“ го избра Коцевски за нов државен јавен обвинител.

Коцевски беше предложен како единствен кандидат за нов државен јавен обвинител откако обвинителката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, а за обвинителката Фатиме Фетаи, Судскиот совет не се расправаше поради нецелосно доставена документација.

Коцевски е поранешен адвокат, кој во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Од јануари 2022 година е избран за јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство, меѓу десеттемина обвинители во оваа институција. Тој бил дел и од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители, но и член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство.

Претходниот државен обвинител Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година. Во моментов, в. д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески е обвинителката Соња Симовска.

Најнови вести од Македонија

To top