Кошарка

Брутално убиен млад кошаркар во Германија

Брутално убиен млад кошаркар во Германија

Младиот украински кошаркар Володимир Јермаков (17) е убиен во германскиот град Оберхаузен. Тој починал како последица на рана од нож, откако бил нападнат од група млади момчиња на улица, додека одел на железничка станица со соиграчот Артјом Козаченко.

Прво ги провоцирале без причина, а потоа физички ги нападнале кошаркарите на АРТ Џајантс од Диселдорф. Петнаесетгодишно момче извадило нож и го проболо Јермаков.

To top