Македонија треба да ги решиме проблемите внатре во државата

Исмаили: СДСМ во 2016-та ветуваа канализација и вода за пиење во Арачиново, а до денеска нема ништо, 90 проценти од граѓаните кои си заминале од тука повеќе не се вратиле

Му кажуваш на албанскиот граѓани дека ти ако си за едниот твој лидер си против Европа, или ако си со нас си со Европа, а на истиот граѓанин кој те поддржуваше од 2016та година значи историја направија СДСМ нели во Арачиново ја водеше албанска општина им вети канализација и вода за пиење, а ниту едното го нема, изјави новинарот Мефаил Исмаили во вчерашното гостување во емисијата Вечерашно шоу на Богдан Илиевски, на телевизија Алфа.

Исмаили: СДСМ во 2016-та ветуваа канализација и вода за пиење во Арачиново, а до денеска нема ништо, 90 проценти од граѓаните кои си заминале од тука повеќе не се вратиле

Новинарот Исмаили порача дека треба да се занимаваме со глобалните политики, но треба да ги решиме проблемите внатре во државата.

Ајде малку да ја спуштиме топката и да оставиме одредени личности кои добиле доверба, и понатаму може ќе добиваат без разлика кои и да бидат тие, да се занимаваат со глобалните работи, да се занимаваат со надворешната политика и стратешки цели, но ајде да ги решаваме проблемите внатре. Значи треба да се занимаваме со глобалните политики, ама тоа не треба да дневна реторика, вели тој.

Исмаили порача дека дури 90 проценти од граѓаните кои заминале од Македонија и како туристи не се вратиле повторно овде.

Имаме роднини, јас сум од Струга, од Скопје од Гостивар натаму ние сме познати за печалбарство. Од нашата држава последните 10 години и од Струмица и Гевгелија бегаат. Дури 90 проценти и како туристи што отишле не се вратиле бидејќи стално има вода за пиење таму, има стабилна работа и струјата ја плаќа колку што треба а не повеќе или помалку, додаде новинарот Исмаили.

Најнови вести од Македонија

To top