Фудбал заслужено

Во Јувентус се е спремно за потпис

Во Јувентус се е спремно за потпис

Раководството на Јувентус постигнало договор со Жеилсон Бремер за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските  медиуми.

26-годишниот Бразилец кој пристигна во Торино пред година и половина се етаблираше во столб на одбраната на „старата дама“

Бремер следната недела ќе стави потпис на нов 5-годишен договор и ќе добие значително зголемување на платата.

Бремер има 17 настапи и еден гол за „бјанконерите“ оваа сезона во Серија А, а веќе е миленик на навивачите.

To top