Кошарка влегоа и во соблекувалната

Фановите на Будуќност ги нападнаа кошаркарите (ВИДЕО)

Фановите на Будуќност ги нападнаа кошаркарите (ВИДЕО)

Навивачите на Будуќност ги нападнаа кошаркарите на својот тим по поразот во градското дерби на Подгорица од Студенски центар.

Избраниците на Андреј Жакељ се упатија кон тунелот, кога неколку навивачи ја прескокнаа оградата и се обидоа да се справат со нив, а потоа хаосот продолжи кога кошаркарите се повлекоа во службените простории.

Навивачите дојдоа и во соблекувалните, а тамошните медиуми јавуваат дека дури и влегле внатре. Тренерот Жакељ не сакаше да зборува за сето ова во детали, туку само рече дека е разбирливо тензијата да е висока кога резултатот е лош, а кога играта е уште полоша.

To top