Свет повик за „одржлив прекин на огнот“

Советот за безбедност на ОН треба да расправа за повикот за прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска треба да расправа за повикот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако САД ставија вето на претходната таква предлог резолуција.

Советот за безбедност на ОН треба да расправа за повикот за прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност на ОН го одложи гласањето за нацрт-резолуцијата со која се повикува на „одржлив прекин на огнот“ во Појасот Газа за да се даде повеќе време за одговор на приговорите од САД, пишува „Гардијан“.

Гласањето за нацрт-резолуцијата требаше да се одржи вчера, но американскиот претставник рече дека САД не можат да го поддржат повикот за прекин на огнот, но можат да прифатат привремен прекин на огнот, пишува британскиот весник.

Претставниците на арапските земји, кои ја подготвија нацрт резолуцијата, рекоа дека се „охрабрени“ од пристапот на Вашингтон, кој сугерираше дека САД се обидуваат да најдат формулација што би можеле да ја поддржат наместо едноставно да стават вето на резолуцијата, што го направија во неколку наврати.

To top