Македонија Верски туризам

Манастирот во Матејче и џамијата во Табановце вметанати во проектот „Скриена убавина“

Двата објекти се исклучително важни за верниците од регионот.

Манастирот во Матејче и џамијата во Табановце вметанати во проектот „Скриена убавина“

Манастирот во Матејче и џамијата во Табановце, два сакрални објекти од поширокиот кумановски регион се опфатени во проектот „Скриена убавина“ на НУ Музеј Куманово и ЛАГ Абер 2015 беа промовирани пред јавноста, соопштија денеска од музејот. Средновековните споменици се импозантни, но тешко достапни до граѓаните велат стручните и објаснуваат дека преку овој проект се доближуваат до пошироката јавност.

– Двата сакрални објекти се заштитени со закон, манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче и „Коџа Мехмет Беј“, џамијата во Табановце се многу важни, бидејќи се заштитени со закон. Двата објекти имаат културно, историско значење, ликовно, архитектонско значење, сестрано од повеќе аспекти. Ние, сите активни чинители треба да се потрудиме да ги заштитиме, да ги ревитализираме, кога ќе заврши тој долготраен процес да ги вклучиме во општествено-економските текови. И општината, локалното население, државата може да има корист доколку тие се вклучени во верски туризам, изјави директорката на музејот, Марија Миљуш Божурска.

Важно е до двата споменика да има пристапен пат, сегашните се скоро непроодни и непристапни за сите. Двата објекти треба да се доживеат само ако физички се присуствува на локациите.

Двата објекти се исклучително важни за верниците од регионот. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top