Свет Не е јасно кој е одговорен

Најмалку 10 лица загинаа во експлозии во Сомалија

Ал Шабаб со години се бори против федералната влада на Сомалија и мировниците под мандат од Африканската унија во обид да воспостави нова влада врз основа на сопственото толкување на шеријатскиот закон.

Најмалку 10 лица загинаа во експлозии во Сомалија

Најмалку 10 лица загинаа, а многу се повредени во неколку експлозии што денеска се случија на популарниот пазар Бакара во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Не е јасно кој е одговорен за експлозиите, но исламистичката група Ал Шабаб често извршува бомбашки напади во Сомалија.

Властите се уште не објавиле официјално соопштение.

Локалните жители за некои светски агенции изјавиле дека одекнале неколку експлозии, кои уништиле многу продавници. Три медицински сестри во болницата Ердоган во главниот град на Сомалија изјавија дека повеќе од 20 повредени лица биле донесени во таа медицинска установа.

Ал Шабаб со години се бори против федералната влада на Сомалија и мировниците под мандат од Африканската унија во обид да воспостави нова влада врз основа на сопственото толкување на шеријатскиот закон. (МИА)

Најнови вести од Свет

Теми на денот

To top