Останати спортови пливање

Регионален натпревар во пливање на базенот на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје

– Иницијативата „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ цели кон обединување на младите од различно потекло, охрабрувајќи ја комуникацијата и размената преку спорт, култура, граѓанско образование и проекти во заедницата, вклучително и климатски и еколошки акции, – изјави организаторот.

Регионален натпревар во пливање на базенот на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје

Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Македонија, во соработка со Специјалната Олимпијада, од денеска до 7 април во базенот на СЦ „Борис Трајковски“ организира регионален натпревар во пливање.

Настанот е во рамки на проектот на Обединетите нации „Младите за инклузија, еднаквост и доверба“. Ќе учествуваат спортиси со интелектуална попреченост од регионот, а целта е промовирање свест за инклузија преку спортот и регионална соработка меѓу младите во регионот. Настанот е поддржан од Делегацијата на Европска унија во Севернa Македонија.

Обединетите нации преку проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ ширум Западен Балкан, во период од две години (2022-2024), имаат за цел да ги поттикнат младите луѓе да создаваат конструктивни наративи, меѓукултурен дијалог и родова еднаквост, поттикнувајќи го меѓусебното разбирање и доверба во регионот.

– Иницијативата „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ цели кон обединување на младите од различно потекло, охрабрувајќи ја комуникацијата и размената преку спорт, култура, граѓанско образование и проекти во заедницата, вклучително и климатски и еколошки акции. Од клучно значење за иницијативата е подобрувањето на медиумската писменост и вештините за критичко размислување, поддршката на младите во борбата против негативната пропаганда, говорот на омраза и дигиталното насилство, со фокус на родовите прашања, се вели во најавата за настанот.

To top