Свет напади

СВЕТ САД извршија уште еден напад на Хутите во Јемен

Соединетите Американски Држави денеска извршија нов напад врз противбродските ракети на јеменските милитанти Хути, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на воени претставници.

СВЕТ САД извршија уште еден напад на Хутите во Јемен

Соединетите Американски Држави денеска извршија нов напад врз противбродските ракети на јеменските милитанти Хути, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на воени претставници.

Американската војска изврши „превентивни напади“ врз три ракети и фрлачи на Хути, откако американските авиони за надзор открија дека се подготвува напад врз комерцијални и воени бродови во Црвеното Море, пишува Њујорк Тајмс.

Тоа е петти американски напад врз јеменските милитанти во изминатата недела, а нападите уследија откако Хутите беа насочени кон трговски бродови во Црвеното Море во знак на протест против израелската офанзива на Појасот Газа.

Претходната ноќ, американската армија изврши нов бран ракетни напади од бродови и подморници врз локации во Јемен под контрола на Хутите, кои претходно ја презедоа одговорноста за нападот на американскиот товарен брод „Генко Пикарди“.

Хутите претходно најавија дека нема да се двоумат да ги таргетираат сите цели кои се закана за арапскиот свет и Црвеното Море со „легитимно право да го бранат Јемен и да ја продолжат својата поддршка на угнетените Палестинци“.

Јеменската група нагласи дека нема да се откажат од поддршката за Палестинците и дека фактот што Соединетите Американски Држави повторно ги вклучија во листата на глобални терористички организации не може да ги одвратат од тоа.

To top